3 предлози што да читате овој викенд

Loading...

Научно докажано е дека читањето има огромно влијание врз вашиот организам. Книгите се најголемо богатство на човекот, а колку човекот повеќе чита толку е побогат со знаења. Секој книга си има своја содржина и своја порака. Доколку сте љубители на книгите и сакате да читате тогаш топло ви препорачуваме да ги прочитате овие 3 книги и задолжително да ги имате во својата библиотека.

  • “Тајната на облаците”- Алисон Ричман

Колку треба да биде силна една мајка за да се соочи со неподносливата загуба?

Кога директорот на училиштето ќе и предложи на Меги Топер да му одржува приватни часови на Јуриј, малото момче-доселеник кој е премногу болен за да оди на училиште, таа не може ни да замисли што ја очекува. И ќе се изненади кога ќе сфати дека таа како наставничка, учи и научува многу повеќе од детето кое треба да  биде нејзин ученик.

Со него ќе ги дели сите мали мигови на среќа, љубовта кон безболот, книгите и пишаниот збор, Ќе ги споделува божиќните празници, радости, веселби. Меѓу нив ќе се роди моќна и топла  врска која ќе опстои до се до моментот кога се ќе исчезне…

  •  “Калуѓерот што го продаде своето ферари”- Робин Шарма

Многумина мислат ова е „Библијата“ кога станува збор за книгите за самопомош и мотивација. Одличниот стил на пишување на Шарма ќе ве натера на многу едноставен начин да се преиспитате кои работи се навистина важни во животот.

Преку приказната за Џулијан Ментал, успешен адвокат кој може да се ги дозволи сите земни задоволства, како на пример најново и најскапо ферари, Шарма ни покажува дека во животот доаѓаат моменти кога парите немаат никаква вредност. Единственото нешто кое навистина вреди се наоѓа длабоко во нас, а наша задача е да го откриеме…

  • “Ангелско дрво”- Лусинда Рајли

Поминале 30 години одкако Грета го напуштила Марчмонт Хол, величествена и прекрасна куќа. Но кога се враќа во Хол на Божиќ кај нејзиниот пријател Дејвид Марчмонт, таа не се сеќава на минатото поврзано со ова место, поради нејзината одамнешна незгода која избришала голем дел од нејзиното сеќавање. И тогаш за време на една прошетка низ зимскиот пејсаж наудува на гроб во шумата. Избледениот натпис открива дека тука почива некое момче. Со помош на Дејвид, Грета тргнува во потрага,одново да ги открие загубените сеќавања,почнува да ги сложува дел по дел сеќавањата од незината приказна и од нејзината ќерка Ческа.

„Вистинска магија на 600 страници. Романтика и мистерија полна со нежност, љубов, моќ и возбуда. Ова е скапоцен камен за секој читател’’

loading...