Митовите се неизбежни. Замислете што би се случило доколку би верувале во сè што ќе чуете или прочитате? Често митовите ги сфаќаме како факти, а овде спаѓаат и митовите за есенската рамноденица.
Есенската рамноденица започнува во недела, на 23-ти септември во северната хемисфера. Ова е првиот ден од сезоната на Вагата и е период кога сонцето минува директно над екваторот. Денот ќе станува пократок сè до зимската краткоденица на 21-ви декември, 2018-та година. Па, погледнете некои од најпознатите митови за есенската рамноденица.
1. Митот за јајцето
Многумина веруваат дека можете да балансирате јајце на неговиот крај само за време на рамноденицата благодарение на гравитацијата. Но ова е мит бидејќи можете да го балансирате јајцето секогаш кога имате доволно трпение, и се разбира, совршено јајце. „Балансирањето на јајцето“ е всушност кинеска традиција што често се поврзува со пролетта. Јајцето е симбол на новиот живот.
2. Митот за еднакви ден и ноќ
Зборот рамноденица нè тера да веруваме дека сите точки на Земјата ќе имаат 12 часа ден и 12 часа ноќ. Без разлика колку интересно изгледа ова, не е целосно точно. Според поморската опсерваторија во САД, изгрејсонцето и зајдисонцето се периоди кога горниот дел од дискот на сонцето е на хоризонтот. Ова значи дека зајдисонцето и изгрејсонцето се разни на различни локации.
3. Митот за исчезнување на сенката
Друг интересен мит за есенската рамноденица е верувањето дека сезонската позиција на сонцето автоматски ќе ја промени вашата сенка. Всушност, некои луѓе веруваат дека нивната сенка целосно ќе исчезне на пладне за време на рамноденицата. Но, за да се случи ова сонцето треба да биде директно над некој кој стои на екваторот во 12 часот попладне на 23-ти септември. Па немојте да се надевате дека вашата сенка ќе исчезне на овој ден.