Вечниот сјај на балетанките

Балетанките се како малите црни фустани – едноставно мора да ги имате! Тие се можеби најосновното парче облека во вашиот орман, бидејќи се комбинираат буквално со се: долги и кратки здолништа, долги и кратки фустани, панталони, фармерки, хеланки, шорцеви…Можете да ги носите во текот на целата година а одлично се совпаѓаат како во дневниот така и во вечерниот изглед. Ако ги носите со фармерки или хеланки добивате секојдневен лежерен изглед, а за ноќен и гламурозе доволно е на балетнките да го додадете омиленото фустанче. Со нив сте спремна за секаде, од дневно кафе и ручек, до претстава во театар, концерт, прошетка низ градот и слично. Балетанки постојат во секоја можна боја, со секаков дезен и детали. Одлични се посебно за есенскиот и пролетниот период, кога се уште не е време за чизми, односно сандали, а сакате да изгледате модерно и софистицирано.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Погледнете ги и следниве статии:

Make up трендови за оваа зима

Едноставен накит, за гламурозен стајлинг!

Барокот – тренд за оваа есен и зима

Пронајдете не на следниве мрежи: