И Блејк Лајвли знае да згреши

На 80 годишнината од првиот дизајниран Шанел накит, се собраа голем број ѕвезди. Најголем дел од холивудските убавици блеснаа во Шанел креации, но Блејк Лајвли не се снајде во оваа улога.Ѕвездата на серијата Gossip Girl секогаш изгледа беспрекорно на црвениот тепих. Знае да го истакне своето речиси совршено тело и да стави нагласок на сексипилноста. Таа е позната како миленичка на Гучи, но за оваа пригода, облече Шанел фустан. Инспириран од минатото, овој фустан, од актуеланата колекција, е изработен од два вида материјал кои се преклопуваат, а фокусот е на градите на Лајвли. На грбот се највпечатливи ланците, кои продолжуваат надоле се до нозете на Лајвли. Сето тоа вака искомбинирано ја прави актерката само уште поширока во колковите, и воопшто не ја покажува во вистинско светло. Иако “на хартија” можеби токму ваков фустан одговара на стилот на Блејк, во пракса не одговара на нејзиното тело. Единствен добар потег за оваа ноќ на Блејк беа нејзините чевли – Louboutn.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Погледнете ги и следниве статии:

5 фризури кои секогаш ќе бидат во тренд

Make up трендови за оваа зима

Дизел секси долна облека за оваа зима

Пронајдете не на следниве мрежи: