4 начини како да ги исчистите јаготките од отровните пестициди

Loading...

Да го избегнувате консумирањето на овошја и зеленчуци кои се третирани со пестициди е најздравата работа која може да ја направите.
Но, за жал, тоа не е секогаш возможно, бидејќи во исхраната ви се потребни разни сезонски овошја и зеленчуци.
Отровните пестициди се научно поврзани со развој на болести на мозокот, зголемен ризик од рак, како и намалена когнитивна функција и проблеми во однесувањето кај дечињата.
Вреди да знаете дека јаготките може да се третирани со дури 17 видови на пестициди, а останатите ризични зеленчуци и овошја се: јаболката, нектaрините, праските, целерот, грозјето, вишните, спанаќот, доматите, чери доматите, краставиците, како и пиперките.
Доколку сте во потрага по нивно темелно чистење, ви помагаме со 4 ефективни начини:


Миење со ладна вода
Истражувањата покажале дека 70 до 80% од пестицидите може да се исплакнат само со темелно миење со ладна вода. Важно е добро да го триете плодот под силен млаз вода.
Исто така, внимавајте на пукнатините во овошјата и зеленчуците, каде пестицидите се насобрале. Мијте минимум 30 секунди.
Раствор од сол
Во 4 шолји топла вода растворете 2 лажички сол. Потопете го плодот кој сакате да го консумирате и оставете да отстои 30 до 60 минути. Потоа исплакнете со ладна вода.
Раствор од оцет и вода
Во една чинија ставете вода и оцет со размер 2:1. Во растворот потопете ги јаготките или одбраното овошје од половина до 1 час. Потоа измијте со ладна вода.
На овој начин, покрај тоа што ги измивате пестицидите, им помагате на плодовите да останат подолго свежи.
Домашен спреј
Во распрскувач ставете 1 шолја вода, 2 лажици оцет и 1 лажица свеж сок од лимон. Испрскајте го овошјето и зеленчукот, почекајте 30-тина секунди, па измијте го под вода.
Ова функционира доколку се брзате.

loading...