4 чекори за правилно бричење на бикини зоната, без црвенило и поткожни влакна

Сезоната на плажи и базени е во полн ек, па многу девојки се соочени со постојана потреба од бричење на бикини зоната.
Сигурно знаете колку непријатни се црвенилото и чешањето што се појавуваат после бричење, а поткожните влакна се само уште еден голем проблем.
За среќа, има начин да си го олесните целото искуство и да го намалите ризикот од појава на чешање и црвенило.
Сè што ви е потребно е бебешко масло за тело, „машки“ брич со четири жилети, пена за бричење, алкохол за дезинфекција и неутрален дезодоранс, најдобро во облик на спреј, камен или крема.
Следете ги следниве чекори:


1. Пред бричење, нанесете малку од бебешкото масло на бикини зоната. Маслото ќе ги омекне кожата и влакната и ќе го направи бричењето подоцна полесно.
2. За бричењето употребете машки брич со четири жилети и пена за бричење. Она што е добро за вашето лице нема да им штети на интимните делови.


3. После бричењето нанесете медицински алкохол. На овој начин ќе ја дезинфицирате областа и ќе ги затворите порите.


4. За крај, употребете го дезодорансот. На исушената област нанесете од дезодорансот за да го спречите потењето и црвенилото.


Сега ви останува само да го облечете вашиот омилен костим за капење и да уживате!

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.