411 санкционирани возачи во Скопје, од кои 131 прекршувања само во Чаир

Loading...
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (26.10.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 411 санкции, меѓу кои 83 прекршоци за пречекорување на дозволената брзина на движење, 43 мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, 45 за возење без возачка дозвола, 69 казни за непрописно паркирање и 61 возило подигнато со „пајак“, а 32 санкции за неносење на заштитна маска.
Само на територијата на Чаир изречени се вкупно 131 санкција, меѓу кои за возење без возачка дозвола 18 лица, 19 технички неисправни и нерегистрирани возила, 18 санкции за неносење на заштитна маска…
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.
loading...