46-годишна сплиќанка сексуално го злоставувала својот малолетен син

Loading...

Не само Хрватска туку и целиот регион е згрозен по обелоденувањето на судскиот случај во кој 46-годишна сплиќанка е приведена затоа што сексуално го злоставувала својот 17-годишен син, по што е  задржана во затвор.
Истражниот судија одлучил таа да се брани од слобода бидејќи веќе и е изречена мерка забрана за приближување и контакт со синот. Тој во меѓувреме станал полнолетен и не живее со неа, објави “Слободна Далмација“.
Ова е второ нејзино приведувањае. Мајката за првпат била приведена во септември минатата година под сомнение за полов однос со својот син роден во 2000-та година, во текот на 2017. до летото 2018. година.  Тогаш 50 дена поминала во истражен затвор, по што казната и била заменета со забрана за приоѓање и контактирање со синот. Во својата одбрана таа изјавила дека синот лаже, затоа што на тоа го натерал неговиот татко, односно нејзиниот поранешен сопруг.
Синот заминал да живее со други членови на семејството, истрагата продолжила, а од собраните докази се дошло до нови сознанија заради кои во петокот повторно е приведена заради полов напад на дете помало од 15 години.
Имено, мајката се сомничи дека синот сексуално го злоставувала и во текот на 2007 и 2008 година, иако таа тоа го негира. По распитот Обвинителството повторно побарало одредување истражен затвор заради можно влијание врз сведоци и повторување на делото. Но, по сослушувањето истражниот судија го отфрлил барањето. Синот и онака наполнил 18 години, не е веќе малолетен и не живее со мајката. Мајката од претходно има забрана за приближување и контактирање со него, па судијата одлучил во понатамошната постапка таа да се брани од слобода.

loading...