5 вештини кои вашето дете ќе ги научи од лего коцките

Некој ќе каже дека се работи само за детска играчка, но експертите добро знаат дека низ игра најдобро се учат вештините кои се потребни за проблемите кои ги имаме кога сме повозрасни. Кои се тие вештини кои детето ги учи ви ги објаснуваме во текстот кој следи.
1. Добра моторика
Играњето со коцки е одлична можност за развивање добра моторика. Вежбањето на малите мускули на прстите и рацете потоа ќе им служи за извршување на секојдневни задачи како правилно користење на прибор, отворање шишиња, отворање и затворање патенти како и заврзување патики. Овие едноставни задачи ќе му помогнат на детето да ги развие уште на предучилишна возраст, па тоа ќе биде понапредно во школските активности, како лепење и сечење.


2. Решавање математички задачи
Разните величини, количини, симетрии и геометрии се само некои поими со кои детето ќе се сретне преку играњето со лего коцките. Детето ќе помни колку коцки од истиот облик му се потребни за да ја заврши кулата. Исто така, тука се собирањата и одземањата. Кога на детето ќе му дадете ограничен број играчки за да заврши цел проект, тоа учи дека секој дел е важен.
3. Чувство на постигнување
Без разлика дали правилно се споени коцките, или по своја имагинација, чувството на среќа и постигнување ги обзема децата кога ќе ја завршат својата креација. Замислата која започнала во нивната глава сега доживеала реализација и тие се горди на своето дело. Со нашето одобрување, нивното чувство за постигнување расте, како и нивната самодоверба.


4. Трпение и упорност
Редењето лего коцкички понекогаш не оди како што сме замислувале. Високите згради се рушат, мостовите се одвојуваат и коцките паѓаат насекаде. Иако е фрустрирачки, овие ситуации ги учат децата на трпение и упорност.
5. Креативност
Кога веќе се готови со редењето коцки, најчесто децата пак истите коцки ги редат, но на разни други начини. Со тоа ја развиваат креативноста. Од илјадници ситни парчиња успеваат да направат една цела нова приказна.

Loading...