5 добри причини зошто треба да јадете семки од лубеница

Loading...

Можеби не сте навикнати да ги јадете семките од лубеница, но нивната хранлива вредност ќе ве убеди да ја промените таа практика. Семките од лубеница имаат малку калории и се богати со хранливи материи.
1. Семките од лубеница содржат малку калории
Голем грст семки од лубеница тежи околу 4 грама и содржи околу 23 калории, а печените семки се навистина здрава закуска.
2. Тие се богати со магнезиум
Магнезиумот е еден од неколкуте минерали што се наоѓаат во семките од лубеница. Во 4 грама семки има 21 мг магнезиум, што е 5 % од препорадневната дневна доза.
Националниот институт за здравство препорачува возрасните да внесуваат 420 мг од овој минерал дневно. Магнезиумот е клучен за многу метаболички функции на организмот и е потребен за одржување на нервните и на мускулните функции, како и за заштита на имунолошкиот систем, на срцето и на коските.


3. Содржат железо
Еден грст семки од лубеница содржи околу 0,29 мг железо или околу 1,6% од препорачаната дневна доза. Можеби не изгледа како многу, но возрасните треба да внесуваат 18 мг железо на ден.
Железото е важна компонента на хемоглобинот и му помага на вашето тело да ги претвори калориите во енергија. Но, семките од лубеница содржат и фитат, кој ја намалува апсорпцијата на железото и ја намалува нивната хранлива вредност.
4. Добри масти
Семките од лубеница се добар извор на мононезаситени и полинезаситени масни киселини. Овие масти се корисни во заштитата од срцев и од мозочен удар и го намалуваат нивото на „лошиот“ холестерол во крвта.
5. Цинк
Семките од лубеница се добар извор на цинк. Во 30 грама семки има околу 26% од препорачаната дневна доза. Цинкот е важна хранлива материја, неопходна за имунолошкиот систем. Тој е неопходен и за нормално функционирање на дигестивниот и на нервниот систем, за растот и за поделбата на клетките и за функционирањето на сетилата за вкус и мирис.

loading...