5 идеи за здрави протеински оброци засновани на грчки јогурт

Loading...

Грчки јогурт се добива со тоа што, по загревањето, млекото останува во посебни контејнери низ кои се филтрира сурутката. Затоа обичен јогурт по отворањето има вода на врвот, додека грчки јогурт нема. Овој процес одделува добар дел од шеќерот и калориите, така што грчкиот јогурт е исто така поздрава варијанта на јогурт кој е богат со протеини. Поради сето ова, не е невообичаено што грчкиот јогурт стана омилен меѓу млечните производи, а фактот што не се коагулира на повисоки температури, го прави уште подобар за секојдневна употреба. Ако сè уште не знаете како да го користите, ви носиме неколку идеи за вкусни јадења.


Грчки јогурт и овесна каша
Овој супер кремаст појадок е неверојатно богат со протеини и ќе биде совршен оброк за почеток на напорниот ден. Сè што ви треба е овесна каша, грчки јогурт, кој ќе го измешате, а како додаток можете да ставите банани или некое друго овошје, цимет, ванила и малку морска сол.
Грчки банана сплит
За овој вкусен појадок ќе ви треба банана, грчки јогурт и мелено семе од лен. Ако сакате, можете да додадете бобинки или зачини како цимет на овој појадок и да истурите некој здрав засладувач како што е агава сируп или сируп од урми и слично.
Витаминска бомба со 4 состојки
За овој здрав и брз оброк, кој е богат со хранливи материи, ќе ви треба грчки јогурт, ф’стаци, калинка и боровинки. Измешајте ги сите состојки и уживајте во вашата витаминска бомба.
Пилешка салата со грчки јогурт
За оваа богата и вкусна салата ќе ви требаат: сува брусница, зелено јаболко, дршка од целер, црвен кромид, пилешко (бело месо) и прелив што ќе го направите од грчки јогурт, малку сок од лимон, лажичка мед и сол и бибер. Направете го преливот во сад, исечете ги другите состојки на коцки и измешајте ги, па прелијте ги со преливот. Оваа салата ќе биде совршен избор откако ќе ви остане бело месо од претходниот оброк. Исто така, ако не јадете месо – само исфрлете го пилешкото.
Тестенини со грчки јогурт
За овој брз оброк ќе ви требаат каква било варијанта на здрави тестенини (интегрални тестенини, тестенини од леблебија, итн.) и грчки јогурт, кора од лимон, сок од половина лимон, три лажици путер и лук по желба. Тестенините ќе ги готвите во согласност со упатствата на пакувањето. Се топи путерот во тава и се додава лукот. По 30 секунди, ќе додадете сок од лимон и кора од лимон, потоа извадете од шпоретот и додадете грчки јогурт. Кога тестенините ќе се сварат, ќе ги додадете жешки во сос од грчки јогурт.

loading...