5 намирници кои ќе ве разбудат подобро од шолја кафе

Loading...

Лицата кои страдаат од умор или поспаност, често посегнуваат по кафе во утринските часови како инстант решение. Меѓутоа, треба да се има на ум дека тоа не е единствена опција.
Причини за недостаток на енергија има многу, но често се јавува поради нездравиот начин на живот како консумирање преработена храна и прости шеќери кои доведуваат до осцилации во нивото на шеќер во крвта и нагли промени на расположението.
Но, веројатно се прашувате што можете да направите по тоа прашање, а ние го имаме одговорот. Откријте кои намирници претставуваат само плус во секојдневното функционирање…
Банана
Ова овошје е одличен избор за ужина пред или по тренингот, бидејќи е богато со шеќери кои брзо се разградуваат. Не треба да се заборават ни магнезиумот и калиумот кои се храна за мускулите и мозокот и ефикасно се борат против уморот.


Спанаќ
Оваа намирница изобилува со минерали кои се важни за работата на нервниот систем, а особено се издвојува железото како одличен сојузник во одржување на физичката, но и умствената сила. Нутриционистите препорачуваат во текот на припремата да му додадете малку лимонов сок поради витаминот Ц. Витамините од Б групата веќе се наоѓаат во неговиот состав, кои се одлични за метаболизмот и виталноста.
Јајца
Јајцата содржат триптофан и тирозин, што значи дека со нивниот внес го регулираме лачењето на серотонин, односно допамин. На тој начин сме поенергични и помотивирани. Тука е и селенот, благодарение на кој полесно ги победуваме уморот и тромавоста.
Црно чоколадо
Најдобро е да се консумира она кое содржи повеќе од 70% какао бидејќи го подигнува расположението и нивото на енергија. Црната чоколада содржи и кофеин и теобромин, алкалоиди кои само го подобруваат наведеното дејство.
Лосос
Познато е дека оваа риба е извор на есенцијални масни киселини, пред сè омега-3 кои го регулираат нивото на серотонин. Витаминот Д помага во создавање на мелатонин кој нѝ помага поквалитетно да спиеме и со самото тоа да бидеме поодморени, пренесува „City Magazin“.

loading...