5 најдобри растенија за смирување на нерви

Брзото темпо на живот што ни го наметна 21-от век и константниот стрес знаат да не пореметат многу брзо и да направат колапс во нашиот организам.

5 најдобри растенија за смирување на нерви

Затоа, еве кои пет растенија се одлични за намалување на нервоза, анксиозност, главоболки предизвикани од притисок. Доколку боледувате од неуропатија, што е термин за да се опишат проблеми со нерви (болка, вкочанетост, пецкање, слабост…), тогаш вистинскиот лек за вас е бела рада. Оваа билка се покажа многу ефикасна за решавање на овие потешкотии. Доволно е една лажичка со осушена бела рада (цвет, лист, стебленце) да ја оставите 10 минути во шолја со топла вода, а потоа да ја испиете. Пијте три шолји дневно.

Сушена коприва е одлична за блокирање на сите видови на болка, па дури и на оние што се наводно неповрзани. Доволно е така сува да се стави во чај, или чорби и супи. Иако е можеби најпозната како билка најдобра за меморија и мозок, жалфијата исто така многу успешно го отстранува стресот и го доведува организмот во неговиот природен баланс. Затоа неколку шолји чај од жалфија и можете многу брзо да ги смирите своите нерви, како и да го ублажите стресот. Инаку, овој чај се препорачува и на луѓето кои страдаат од мигрена.

Кога чувствувате страв, анксиозност, или сте во депресија, според сите истражувања, кантарионот е вистинскиот спас. Неговата примена е иста како и кај белата рада и се пие три пати дневно, исто така. Веќе долго се користи коренот на валеријана како одличен лек за опуштање на нервниот систем, несоницата и аритмија поврзана со чувство на страв. Препорачана дневна доза на чај се две до три шолји. За лечење на несоницата идеално е да се напиете една шолја чај навечер, пола час пред спиење. Се прави така што лажичка со коренот се прелива со два децилитри вода што врие и се остава да стои пет минути. Исто така е добро да се комбинира валеријана со матичен млеч кај деца од училишна возраст кои имаат проблем со хиперактивност и импулсивност.

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.