5 причини зошто понекогаш споделуваме и повеќе отколку што треба!

Loading...

Дали понекогаш ви се случило да сму се доверите на човек кој не ви е толку близок? Или во автобусот до вас да се запознаете со непознат човек кој ќе си ја отвори душата и ќе ви раскаже лични детали од својот живот? Сте се запрашале ли зошто понекогаш толку лесно споделуваме работи со луѓе кои не ни се толку блиски?
Во продолжение прочитајте кои се причините за тоа.
Лажно чувство на интимност
Постои причина зошто фризерите или луѓето во салоните за убавина секогаш први ги дознаваат работите. Кога некој ве допира, тоа создава чувство на лажна интимност. Вие можеби не ја ни знаете другата личност толку добро, но таа е во вашиот личен простор и ве допира. За многумина тоа е зелено светло дека можат да зборуваат исто како што зборуваат со близок пријател.


Утеха во непознатиот
Дали некогаш ви се случило да седите некаде до човек кој прв пат го гледате во животот и низ разговор таа личност да ви открие премногу за својот живот? Луѓето многу често ги споделуваат своите најдлабоки и најмрачни тајни на непознати луѓе. И позади тоа стои психолошко објаснување. Странецот нема да ви суди. А дури и да ти суди, што има врска? И онака најверојатно нема повторно да го видите тој човек. За некои луѓе, споделувањето на посрамувачки моменти и болни спомени на странци е полесна и поевтина терапија за разлика од одењето кај психолог.
Трапав обид да го забрзате односот
Кога ќе запознаете нов човек, секогаш постои одредена тензија на почетокот од врската (пријателска, професионална, љубовна). Човек мора да бара докази за да ја дешифрира другата личност и да дознае дали другата страна сака да не запознае нас.
За многумина, оваа фаза од односот предизвикува анксзиозност. Тргнувајќи од желбата да го прескокнат „ајде сега да се запознаеме“ периодот, некои луѓе ќе откријат проблеми од својот личен живот кои инаку не би ги кажале во толку брз период. Овие луѓе мислат дека споделувањето на лични детали побрзо ќе создадат блискост.


Немање граници
Луѓето кои споделуваат премногу понекогаш едноставно немаат граници. Тие не знаат што е соодветно да им се каже да на соработниците, колегите и непознатите, а што не. Како резултат на тоа, луѓето кои немаат граници често и имаат проблем со пријателствата и немаат блиски луѓекои би ги ислушале.
Брз напор да направиме друг човек да се чувствува удобно
Кога некој споделува интимни проблеми во врската или трауми од детството, на тој што слуша му е секогаш незгодно. Грижлив слушач ќе се обиде да му помогне на човекот за да се чувствува поудобно и како резултат на тоа ќе сподели лични детали од сопствениот живот.

loading...
Loading...