5 работи кои шефовите ги прават, а страшно нѐ нервираат

Односите и комуникацијата меѓу шефовите и вработените не се воопшто лесно, поради различните цели, а многу често и поради различни карактеристики на двете страни.
Ова се 5 работи кои нашите шефови ги прават, а страшно нѐ нервираат.
1 – Ни даваат задача, забораваат дека го направиле тоа, а потоа истата задача ја даваат на друг колега. Тоа значи многу потрошена енергија и потрошено време, а заборавеноста на шефот испраќа порака дека тој не го зема за сериозно времето на вработениот.
2 – Критикуваат еден вработен во присуство на друг. Тоа е една од најлошите работи кои може да ги направи еден шеф.


3 – Не го земаат предвид придонесот, времето и енергијата кои се вложени,а се фаќаат за мала грешка, која може да нема никакво влијание на исходот.
4 – Задржуваат информации кои им се потребни на вработените за да завршат некоја работа. Понекогаш тоа е така бидејќи сметаат дека треба да ја објаснат само „поголемата слика“ и таквата информација не е потребна.
5 – Велат дека ги поддржуваат своите вработени, но кога треба да го направат тоа, ги снемува. Се плашат од повисоките нивоа на менаџмент или едноставно не се заинтересирани.

Loading...