5 секс работи , за кои тој копнее

Loading...

Мислите дека знаете што тој навистина сака? Проверете дали ги исполнувате и овие негови секс наливи…
Тој сака да гледа
Мажите обожуваат да гледаат речиси колку и самата акција – па не заборавајте да му понудите ваква гледка. Друг начин да го заинтригирате уште повеќе: не се соблекувајте целосно. Понекогаш мажите сакаат да остават нешто и на имагинацијата. Секси долната облека може да биде мошне возбудлива. А,доколку сакате да го излудите,допирајте се пред него,задоволството дефинитивно нема да изостане.
 Тој сака сексот да биде забавен
За жал, чинот на секс во реалниот живот не тече толку глатко како во филмовите. Некои работи едноставно не функционираат, а понекогаш може да се слушнат и многу чудни звуци. Ако не знаете како да се справите со овие незгоди, ќе си ја уништите желбата и вашето расположение. Но, ако сте во можност да им се насмевнете на истите, тоа ќе ви помогне да се чувствувате дури и поблиски. Сепак, забавата во кревет не значи само да се насмевнете на вашите неуспеси. Кладете се во нешто,играјте некоја друштвена игра,со договор дека победникот на крај ќе има право да побара исполнување на неговите еротски фантазии.
Тој сака секс изненадувања
Вие ќе добиете голем плус кај него доколку му предложите акција, кога тоа не очекува. На тоа ќе гледа како на голем комплимент, бидејќи му покажувате колку тој е атрактивен за вас. Приредете му изненадување,така што ќе го замолите да се исклучи од патот и да се паркира на некое скриено место додека се враќате од забава,во доцните часови.
Сака да ве земе
Најдобриот начин да го разбудите сексуалниот ѕвер во него е да иницирате малку сурова акции во стилот на земи-ме-твоја-сум. Тој сака див, животински секс, но треба да знае дека и вие го сакате истото! Заводливо бакнете го, а потоа заминете и кажете му дека ако сака нешто повеќе,може да дојде по вас.
Тој сака да му го најавите она што го сакате
Секој маж би сакал да има натприродна моќ која ќе му овозможи да го погоди се она што треба да го направи за да ја задоволи неговата сопруга. Вашите еротски желби за момците се вистинска енигма, па тие сакаат кога девојката знае како да им сугерира што би сакала, а тоа да не звучи како издавање наредби. Затоа еротските инструкции обидете се да ги формулирате на начин на кој тие ќе звучат како пофалба. Кажете му колку удобно се чувствувате кога ве допира на одреден начин или потсетете го на техниката која секогаш ве доведува до лудило. Ако предиграта е премногу кратка, кажете му дека  “таму долу”сакате да ги почувствувате неговите раце или усни.
Извор- cosmopolitan.rsМислите дека знаете што тој навистина сака? Проверете дали ги исполнувате и овие негови секс наливи…

loading...