5 работи кои најдобро се чистат со обичен прашак за алишта

Тој може да биде мултифункционален, а може да се кроисти и оној во форма на гел или прав, за да го исчистите одводот или автомобилот. Еве на кои начини тој може да ви помогне во чистењето.
1. Чистење на одводот
Сте забележале дека одводот ви е запушен? Не мора веднаш да викате стручна помош, прво пробајте го овој трик. Во одводот ставете 60мл. прашак за алишта, а потоа полека истурајте околу еден литар жешка вода. Водата и прашакот заедно ќе ги отстранат нечистотиите кои се наоѓаат во одводот. Освен што е многу едноставно, многу е и евтино, бидејќи не мора да викате водоинсталатер.
2. Повеќенаменско средство за чистење
Можете многу лесно од прашак за алишта да направите универзално средство за чистење. За да го направите тоа, поребни ви се 80мл. избелувач, 4 литри вода и една лажица прашак за алишта. Одлично делува кога мора да го пребришете ѕидот, да го исчистите купатлото… Всушност, одлично делува на било која површина.


3. Ги отстранува дамките на тепихот и останатите површини
Ако размислиме малку, логично е да заклучиме дека ако делува добро на уништување на дамките од облеката, мора исто да делува и на дамките на тепихот. Постапката е едноставна, ставете прашак за алишта на дамката и лесно тријте со мокра крипа за да се впие средството во дамката. Почекајте 5 минути и исчистете го вишокот прашак, а ако е потребно повторете ја постапката додека не исчезне дамката.
4. Измијте го автомобилот
Прашакот е идеално средство за надворешно чистење на авомобилот. Без многу мака ја уништува целата нечистотија, но претходно мора да го разредите. Една лажица прашак е доволна за една цела канта со топла вода, а ако прашакот не го промешате со вода, може да ја оштетите бојата на автомобилот.
5. Чистење на подот
Својствата во прашакот кои се одговорни за чистењето, одлични се и за чистење на подот. Во сад со вода ставете една лажица прашак за алишта, а крпата за перење добро исцедете ја. Ако остане многу мокра, може да останат дамки на подот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.