6 знаци дека сте во врска со погрешна личност

Loading...

Во секоја врска постои мал сомнеж за тоа дали партнерот е токму тој- вистинскиот за вас. Но, ако почувствувате некој од доленаведените знаци, веројатно си го трошите времето со погрешна личност.

1. Несреќни сте
И покрај тоа што партнерот не е одговорен за вашата среќа туку вие самите, сепак тој треба да ви го разубавува денот.К ога сте во врска со вистинската личност, во врската уживате и имате чувство на среќа. Доволно ви е да ви се јави и лошиот ден да ви се разубави. Но, доколку поголем дел од времето сте несреќни и замислени, особено кога сте со него, тоа е речиси сигурен знак дека тој не е правата личност за вас.
2. Покрај него не сте свои
Ако пријателите ви велат дека сте се промениле толку што не можат да ве препознаат. Секогаш внимавате што ќе кажете или направите, зошто се плашите дека партнерот ќе биде критичен кон вас. Не сте ни целосно опуштени покрај него, дури и после месеци во врска. Ако не можете да бидете она што сте , размислете добро. Сепак никој не е вреден за таква жртва.
3. Претставување пред пријателите
Ако сте со некој што не сакате да го претставите на пријателите, тоа не е добар знак и треба да се запрашате зошто. Ако сте со некој кој не сака вас да ве претстави на неговите/нејзините пријатели, тоа е исто така лош знак. Ако вашите блиски пријатели изразат загриженост заради вашата врска, немојте да го занемарувате и тоа. Тие можеби пообјективно гледаат од вас, па бидете отворени да ги слушнете што сакаат да ви кажат без навреди. Не мора да ги послушате, но размислете за тоа што ќе ви го кажат.
4.Партнерот ве заморува
Наместо дружењето со него или со неа да ве исполни со енергија и радост, поголем дел од времето се чувствувате емоционано исцрпено. Како постојано да има некоја забелешка за вашето однесување или има негативен поглед на животот. Тогаш тоа дефинитивно не е личност за вас. Сепак личноста со која сте во врска треба да ве расположува.
5. Никогаш не размислувате за заедничка иднина
Ако и после подолго време во врска тој или вие, или пак двајцата не размислувате за заедничка иднина, тогаш не е лошо да размислите зошто сте со таа личност и што всушност. 
6.Немате што да зборувате кога сте заедно
Ако често ви се чини дека нема што да си кажете еден на друг, или чувствувате дека тој/таа не ги разбира вашите желби, сонови, ставови…можеби е време да размислите за кра.јВо секоја врска постои мал сомнеж за тоа дали партнерот е токму тој- вистинскиот за вас. Но, ако почувствувате некој од доленаведените знаци, верој

loading...