6 природни начини за бојадисување на косата

Loading...

Денес дури 65 проценти од дамите ја бојадисуваат косата. Сепак, кога правиме најразлични промени во однос на бојата забораваме дека боите за коса не ретко содржат состојки кои ја уништуваат нашата коса.
За оние кои сакаат да испробаат нешто ново и далеку поздраво, препорачуваме 6 здрави алтернативи.
Кафе

Кафето е сјајно ако сакате да ја затемните косата, да ги прекриете седите влакна и да додаде нови тонови на вашата костенлива коса. Сварете една шолја кафе, оставете ја да се излади, па потоа измешајте ја со малку регенератор и 2 лажици кафе во зрно. Нанесете на чиста коса, оставете да отстои еден час и измијте.
Чај
Исто како кафето и чајот може да го употребите за потемнување. Ако косата ви е светла користете чај од камилица. Прво направете висококонцентиран чај со 3 до 5 кесички во 2 шолји вода. Оставете да се излади, додадете регенератор и нанесете го на косата. Најдобро е да оставите косата да се исуши на сонце. Потоа измијте се.
Билки
За црвена коса – невен или хибискус се одлични за освежување на црвените прамени. Колку повеќе ги користите толку повеќе бојата на косата ќе биде поинтензивна.
За црна и кафена – рузмарин, коприва и жалфија го враќаат сјајот на темната коса. Едноставно пригответе чај и оставете го да делува на косата.
За русокоси – камилица, невен, шафран и латици од сончоглед се идеалниот избор за светлата коса.
Сок од цвекло и моркови


И двата сока даваат црвеникав сјај на
вашата природна нијанса. Нанесете една чаша сок на својата коса. Во него може да додадете и кокосово масло. Косата завиткајте ја во фолија или пластична кеса и оставете да делува еден час. Измијте ја косата и потоа напрскајте ја со јаболков оцет за бојата подолго да ви трае.
Сок од лимон
Ако сакате неколку светли прамени во косата исцедете лимон и испрскајте ја косата. Оставете неколку часа или исушете ја на сонце. Доколку имате руса коса во лимоновиот сок додадете и чај од камилица.
Лушпи од лешник
За да ја задржите својата природно костенлива коса така што ќе издробите лушпи од лешник и ќе ги варите половина час. Оваа течност оставете да се излади, па нанесете ја на косата. Оставете да дејствува еден час, по што ќе ја измиете косата.

loading...