6 причини зошто почесто го отворате фрижидерот периодов

Loading...

Самоизолацијата, како што може да влијае на менталното здравје, сериозно може да влијае и на линијата и апетитот.
Периодот на епидемија е долг и тежок, па на нервна база многу почесто го отвораме фрижидерот.
Ова се 6 главни причини зошто деновиве сте постојано гладни:
1. Можеби сте само жедни. Телото често знае да ги помеша дехдрираноста и чувството за глад. Чаша вода сериозно може да ја поправи работата.


2. Под стрес сте. Многу луѓе кога се нервозни или тажни, утехата ја бараат во храната – така и вие.
3. Пребрзо јадевте последен пат. Или правевте повеќе работи истовремено додека јадевте. Токму тоа доведува да не сте свесни дека сте сити.
4. Досадно ви е. Пред да се фрлите да чепкате по фрижидерот, проверете дали сте го исчистиле тоалетот. На тој начин ќе го заборавите чувството на глад.
5. Немате рутина. Ако не појадувате, ручате и вечерате во исто време, почесто се јавува напад на глад.
6. Исцрпени сте. И логично, недостатокот на енергија се обидувате да ја надокнадите со калорична храна. Подобро дремнете.

loading...