6 причини зошто треба да спиете голи

Loading...

Една неодамнешна анкета покажа дека помалку од 10 отсто од луѓето спијат без ништо на нив. Не само што е многу секси, но исто така е и многу здраво, велат експертите. Еве неколку причини зошто треба да ги избегнете пижамите.
Добро е за вагината
Џенифер Ланда, автор на книгата “The Sex Drive Solution for Women”, вели дека спиењето без гаќи е поздраво за вагината. Иако појавата на бактериски инфекции е нормална, пријатната топла  средина понекогаш може да ја направи ситуацијата полоша. Еден начин да се спречите од  инфекција е да спијете без долна облека.
Ќе спиете подобро
“Иако може да претпочитате  топла и удобна облека додека спиете, поздраво е спиење во малку поладна средина”, вели Лиза Шивес, која го води Управниот Одбор на „Фондацијата за Национално Спиење“. “Вашата телесна температура постепено се намалува во текот на спиењето, која е природна тенденција на телото. Но спиењето во пижами и покривање со дебело ќебе може да го наруши тоа “, вели Лиза.
Ќе изгледате попривлечно
Според Наташа Тарнер, автор на “Хормонска Исхрана”, ако вашето тело е премногу топло, додека спиете, му смета на пуштањето на мелатонин и хормонот за раст – најважниот хормон кој го забавува стареењето. “Како вашата телесна температура паѓа, хормонот за раст е ослободен и работи на регенеративната магија”, вели Наташа. И тоа и помага на вашата кожа и коса да изгледаат прекрасно.
Ќе ги изгубите масните наслаги на стомакот
Ако спиете гола, ќе спиете поцврто, што му овозможува на нивото на хормонот за стрес (кортизол) да се намалува кога се одмарате, одржувајќи го нивото на енергија и глад под контрола, вели Тарнер. Кога ви е сонот нарушен, кортизолот ќе биде премногу висок, па ќе се разбудите гладни и веројатно веднаш добро ќе се најадете.
Ќе се чувствувате посамоуверени
“Спиење со ништо на себе е прекрасно чувство”, вели Лиза. Чувството на ладна состојба на кожата може да биде многу секси. И ако се чувствувате секси, тоа може да ја зголеми вашата самодоверба.
Ќе имате подобар секс
Ланда вели дека спиењето без облека е одлично за вашата врска, бидејќи  допирот на кожа до кожа го зголемува хормонот окситоцин кој е одговорен за добро чувство и чувство на заљубеност. „Спиењето голи ве поттикнуваува на секс, а сексипилните парови се  посреќни во врската”, вели Ланда. Ќе се чувствувате опуштено и порасположени за секс.
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Една неодамнешна анкета покажа дека помалку од 10 отсто од луѓето спијат без ништо на нив. Не само што е многу секси,

loading...