6 причини поради кои не е паметно да останете пријатели со поранешниот партнер

Дознајте зошто и во кои ситуации не е паметен избор да останете пријатели со поранешниот партнер по прекинот на љубовната врска.Тој не сака да биде „само“ пријател
Тешко е да почнете нова љубов додека не ги расчистите работите со старата. Доколку партнерот сака да останете само пријатели, а потајно се надева дека повторноќе се смирите на љубовно поле, тогаш подобро прекинете ги сите врски со него.
Никогаш не постоела основа за пријателство
Врските кои се засноваат само на сексуална привлечност или пак се исполнети со карање и викање нема шанси да се сведат на пријателства. Најчесто недостасува блискоста и довербата неопходна за едно пријателство, или пак врска.
Нема почитување
Доколку меѓусебното почитување изостане од љубовната врска, тогаш ќе го нема и во пријателската. Почитта се стекнува и гради со години, и тешко се стекнува назад, особено доколку се работи за љубовна измама.

 
Злоставување и во пријателската врска
Жртвите на злоставување најчесто не знаат за подобро па и понатаму се во врска со злоставувачот. Тој сака жртвата да ја држи покрај себе и да ги има сите конци в рака, па затоа овде добро би дошла стручна помош, помош од семејството или од пријателите.
Љубоморни сте на поранешниот партнер
Никому не му е сеедно кога ќе дознае дека неговиот поранешен партнер пронашол нова сродна душа. Оваа љубомора може негативно да се одрази на пријателството помеѓу поранешните партнери, па да ги погоди и новите љубовници.
Речете збогум и посветете се на себе
Дури и ако врската почнала како добро пријателство, ќе ви треба време да се соземете од прекинувањето на истата. Искористете го тоа време на себе, пробајте некое ново хоби, забавувајте се, а на крај и одделете се од особеностите кои сте ги имале како пар. Дури потоа ќе можете да одлучите дали пријателството со поранешниот партнер е добра работа.Тој не сака да биде „само“ пријател
Тешко е да почнете нова љубов додека не ги расчистите работите со старата.

Пронајдете не на следниве мрежи: