Погубен убиец што ја избодел жртвата 138 пати и и’ ги отсекол дланките

Суров 38 годишен убиец од американската сојузна држава Охајо во вторникот е погубен, заради убиството извршено во 1997 година кога својата жртва ја избодел со нож 138 пати, и го пресекол грлото и и’ ги отсекол дланките.

„Добро сум, ајде да го направиме тоа“, биле последните зборови на убиецот Брет Хартман, пред да му биде вбризгана смртоносна доза пентобарбитал, пренесува АП.
Очигледно смртоносната доза што Хартман ја примил не делувала моментално, па убиецот почнал да делува на отровот дури по четири минути.
Хартман никогаш не го призна убиството на Винди Снајпс, што се случи на 9 септември 1997 година. Призна дека единствено имал сексуални односи со неа на денот на убиството, во нејзиниот стан. Тврдеше дека подоцна се вратил во нејзиниот стан и го открил телото, се испаничил и го исчистил станот пред да ја повика полицијата.
Хартман е 49 затвореник што е погубен во Охајо откако смртната казна повторно е воведена во оваа држава во 1999 година.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: