7 вида одмор што треба да си ги дозволите

Loading...

Спиењето не е единствениот одмор што им е потребен на вашето тело и на вашиот ум. Всушност, постојат дури 7 вида одмор што не можат да се заменат со сон.
Креативен одмор
Кога чувствувате пад на креативноста и инспирацијата, постои т.н. блокада. За нов наплив на инспирација, потребно е „креативно“ да се одморите. Тоа може да го направите преку пешачење во природа, забавна активност (како куглање) или одење на некое креативно место (музеј, галерија).
Ментален одмор
Неможноста за фокусирање, намалена концентрација и исцрпеност се симптоми на ментален замор. За да се опуштите ментално, експертите имаат неколку совети:
Правете кратки паузи во текот на денот.
Запишете ги вашите мисли на хартија и направете „место“ во вашиот мозок за нови информации.
Не користете електронски уредите пред спиење. Подгответе ги вашето тело и вашиот ум за спиење без да наметнувате содржина што не ви е потребна.
Физички одмор
Овој одмор може да биде и активен и пасивен. Пасивниот се однесува на дремка, а активниот може да биде масажа, вежбање, јога, возење велосипед, пешачење и сл.
Социјален одмор
Секој има потреба од време за себе. Научете да им кажете „не“ на пријателите и семејството. Тешко е да се најде рамнотежа помеѓу приватниот и деловниот живот и да се најде време за себе. Затоа, изберете дел од денот кога ќе бидете сами. Искористете го ова време за да прочитате неколку страници од книга, да пиете чај итн.
Емоционален одмор
Во време на екстремен стрес, лесно станувате раздразливи, а тоа ве прави помалку продуктивни. Емоционалниот одмор се однесува на поставување граници. Споделете со вашите најблиски како се чувствувате и водете дневник.
Сензорен одмор
Нашите сетила се постојано активни и тоа создава дополнителен стрес. На пример, пред спиење, обидете се да исклучите сè што прави бучава. Уживајте во тишината и дозволете им на вашите сетила да се опуштат.
Духовен одмор
Овој одмор ни овозможува да стекнеме чувство за цел. Волонтирајте и направете нешто за другите што ќе ве направи среќни.

loading...
Loading...