7 парчиња во кои Џенифер Анистон се ‘колне’: Ваквото облекување заштедува пари

Loading...

Актерката Џенифер Анистон е една од оние жени кои не ги следат слепо модните трендови, туку повеќе се држат до проверени парчиња, за кои знаат дека најдобро им прилегаат.
Својот моден стил со децении внимателно го гради, а и ден денес не се откажува од некои парчиња кои важат за безвременски модни класици.
Ако можеме да издвоиме една позната личност која се држи до проверени модни класици и чиј стил со години е ист, најдобар избор секако е Џенифер Анистон.
Ѕвездата на „Пријатели“ отсекогаш им е верна на безвременските парчиња облека, како тесни фармерки и мали црни фустани.
Убавата актерка не го менува својот моден стил откако светот ја запозна како Рејчел Грин во 1994-та година, поради што модните експерти ѝ аплаудираат, но ја издвојуваат како вистински пример на жена која спојува минималистички, кул и софистициран изглед.
Модни парчиња во кои Џенифер Анистон се ‘колне’ со години:
1. Одело за сите прилики


Класичното одело е идеален додаток во секој гардеробер, а тоа многу добро го знае и Џенифер Анистон, па често ги носи и за деловни и за приватни прилики. Доброто одело може да го поткрене и најздодевниот стајлинг, а токму затоа што не излегува од мода, ова модно парче претставува одлична инвестиција.
2. Црни тесни фармерки
Црните тесни фармерки имаат посебно место во гардероберот на убавата актерка, а добра вест е тоа што овој модел не излегува од мода ниту во 2020-та година.
3. Црни кратки чизми


Секоја жена во својот гардеробер мора да има барем едни црни кратки чизми. Некако нѝ е тешко да поверуваме дека постојат жени кои ги немаат, а ако е така, време е да го промените тоа – бидејќи тоа одговараат со сè.
4. Миди фустани
Мини фустаните се одличен избор за сите прилики. Пристојна и шик должина е одлична за деловни, но и за свечени прилики, како и за секојдневни ситуации. Кога не ги покажува своите витки нозе во мини фустани, Анистон посегнува по фустани со миди должина.
5. Неутрален капут
Во минималистичкиот гардеробер на Џенифер Анистон, неизбежни се неутралните капути. Ова безвременско парче одлично одговара и со лежерен, но и елегантен стајлинг.
6. Чанта за преку рамо
Практичните чанти за преку рамо, на голема врата се враќаат на модната сцена, а убавата актерка од нив не се откажува веќе со децении.
7. Кожни фустани


Оваа сезона кожата ќе ја игра главната улога на модната сцена, на што Џенифер со сигурнст се радува. Анистон едноставно обожува кожни фустани, особено оние со мини крој.

loading...
Loading...