72-годишник превезувал патници без лиценца

Надворешна канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против М.С.(72) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење на јавен превоз без поседување лиценца“.

– На 07.02.2024 на ул. „Живко Брајковски“ во Гостивар, полициски службеници извршиле контрола на возило, кое го управувал пријавениот, при што било констатирано дека врши јавен превоз на патници без да поседува лиценца издадена од надлежен орган, соопшти полицијата во дневниот билтен.

Пронајдете не на следниве мрежи: