За некого Божиќните празници се најомилениот период од годината, а за некого не.Се разбира дека не е погоден период за оние кој не може да си ги дозволат сите празнични трошоци.
А тоа е пред се таму каде што економската криза најмногу се чувствува.
Повеќе од 50 проценти од американското население би сакале едноставно да го прескокнат Божиќ.
Тоа можеби е разбирливо, како со оглед на економската криза која што владее таму, но и со самиот притисок со кој тие се справуваат секоја година кога доаѓаат новогодишните празници.
Америка е земјата од каде што ни доаѓаат сите божиќни идеи, но и самиот Божиќен дух. Точно е тоа дека можеби сето тоа е премногу искомерцијализирано, но сите ние ги обожуваме божиќните филмови, песни и слично.
Оваа година според истражувањата Американците ќе ја поминат многу поскромно кога станува збор за подароците за Божиќ но и престојните настани. Над половина од нив размислуваат песимистички и знаат дека 2013 ќе ја поминат во долгови. Скапите поклони се разбира дека не доаѓаат во предвид.
Се чини дека кризата навистина ги погоди Американците, земајќи го фактот дека тие би се откажале и од Божиќ само за да не останат во долгови.
Пронајдете не на следниве мрежи: