8 грешки кои постојано ги правиме дома, а го доведуваат во опасност нашето здравје и домот

Loading...

Истражувањата покажуваат дека жените поминуваат 3 пати повеќе време во извршување на домашните обврски од мажите.
Тие почесто готват и го чистат домот, но често несвесните грешки кои притоа ги прават можат да го загрозат нивното здравје, но и домот.
Користење метла наместо правосмукалка
Чистењето со метла ја подигнува прашината во воздухот и овозможува таа да се прошири низ целата соба. Метлата треба да ја користите само кога набрзина сакате да соберете нешто што ви се истурило или слично. Во сите други случаи, подобро е да користите мокра крпа или правосмукалка.
Истурање на масло во одводот или ВЦ школката
Иако се растопува под топла вода, штом маслото ќе дојде до постудените делови од цевките, тоа започнува да се таложи и со текот на времето доведува до затнување. Маслото можете да го ставите во ќесичка од која нема да се излее и да го фрлите во ѓубре.


Претерано користење на навлажнувач за воздух или негово некористење
Премногу влага во домот може да доведе до оштетување на тапетите, теписите и подовите. Од друга страна, недостатокот на влага е лош за нашето тело. Не мора да набавувате скапи навлажнувачи на воздух – доволно ви е едно шишенце со распрскувач.
Чистење на купатилото без ракавици
За чистење честопати користиме силни хемикалии, но многумина притоа не користат маски и ракавици. Таквите хемикалии во допир со кожата можат да предизвикаат изгореници и иритации, а бројни произведувачи предупредуваат дека нивните производи треба да се користат само во добро проветрени простории.
Дрво кое е преблиску до домот
Убаво е да се има дрвја околу домот, но експертите истакнуваат дека тие не би требало да се наоѓаат преблизу до истиот бидејќи корењата можат да предизвикаат труење на темелите. Се препорачува дрвјата да бидат барем 6 метри оддалечени од надворешните ѕидови на домот.
Пречесто перење на теписи
Чистите теписи се гордост на секоја домаќинка, но нивното пречесто миење може да ги оштети, особено ако се изработени од вештачки материјали. Теписите е најдобро да се чистат со правосмукалка 2 пати неделно и да се перат една годишна.
Константно затворање на машината за перење алишта
Поради недостаток на простор, честопати ја затвораме вратата на машината за перење алишта, но ако е постојано затворена, машината нема да се исуши по перењето што создава совршено опкружување за развој на бактерии и микроби.
Премногу цвеќиња
Иако растенијата придонесуваат за удобно чувство во домот, оние кои цветаат создаваат силни мириси кои можат да предизвикаат главоболки и други здравствени тегоби.

loading...