8 нешта што не смеете да ги правите по царскиот рез

1. Избегнувајте да подигнувате што било потешко од вашето новороденче како и тешки физички активности. Исто така, избегнувајте ги и обврските низ домот што е можно подолго за побрзо да ви зарасне раната.
2. Не е препорачливо да возите барем 6 недели по породувањето со царски рез. Некои движења ќе ви предизвикуваат болка и неколку месеци по операцијата.
3. Не заборавајте да пиете многу течности. Многу жени имаат проблем со столицата по царскиот рез бидејќи стомакот е премногу чувствителен. Поради ова важно е да пиете многу вода, да се храните здраво и да се движите откако ќе можете.


4. Избегнувајте да спиете на стомак. Ова може да го продолжи времето за заздравување. А и секако поудобно ќе ви биде спиењето на грб или на страна.
5. Избегнувајте сексуални односи 6 недели по породувањето. Сексот може да биде болен и непријатен, а на раната ѝ е потребно време за заздравување.
6. Избегнувајте скали барем две недели по царскиот рез. Ако спалната или собата на детето се на горниот кат, најдобро е привремено да се преместите долу. Кога ќе почнете да се качувате по скали, одете бавно и внимателно. Можете и да замолите некој да ви помогне во текот на одењето.


7. Ако имате температура или болка која не поминува и станува посилна, немојте да ја игнорирате. Тоа може да биде знак за инфекција.
8. Избегнувајте лежење во полна када, миење со жешка вода, како и капење во базен додека не ви зарасне раната и не престане крварењето. Исто така, избегнувајте употреба на тампони.

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.