82-годишен кочанчанец запалил трева и изгорел и самиот

Вчера околу 15 часот било пријавено дека на местото викано “Бели камења“ над село Оризари, кочанско, при палење на трева во нива од страна на Б.П. (82) од истото село, настанал пожар. Во пожарот настрадал Б.П. кој починал на местото на настанот.
Од екипа на Територијалната противпожарна единица Кочани пожарот бил изгаснат, а по овластување на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на семејството.