95-годишни близначки тврдат дека многу пиво и малку секс се клуч за долговечност!

Loading...

Со лименки пиво во рака и колбаси на маса, 95-годишните близначки Лил и Дорис ја откриваат тајната за нивната долговечност.
Додека многумина го живеат животот внимавајќи на телесната тежина, здравата исхрана и физичките активности, близначките Лил и Дорис уживаат во пиво и колбаси и така, ги фрлија во вода сите теории за долговечност. Штосот е во тоа, велат тие, да се воздржите од многу секс.


Лил и Дорис се најстари близначки во Велика Британија. Активни се на Инстаграм и Фејсбук (Типтон Твинс) каде споделуваат не само „тазе“ фотографии од тоа што прават, туку делат и корисни совети за тоа како да се ужива на „стари“ години. И како, воопшто, да се дојде до таа доба.
Супербабичките вежбаат јога, играат фудбал, ги следат најновите филмски хитови, слушаат музика, одат во театар, патуваат, танцуваат, одат по ресторани, се дотеруваат, редовно одат и на фризер, користат Интернет, а неодамна си купиле и „паметни“ телефони за да бидат во чекор со светот.
-Никогаш не е доцна за нешто ново да се научи, велат близначките кои зрачат со позитивна енергија и љубов кон животот.
Можеби и ние треба да научиме нешто од овие преслатки и инспиративни бабички.

loading...