И специјалците изненадени кога влегле во оваа куќа: Подземен наркоград на границата помеѓу БиХ и Хрватска

Припадниците на СИПА во полициска акција со кодно име “Рис“ прво останале изненадени, а потоа уапсиле две лица и заплениле стотици килограми марихуана. Во близина на границата со Хрватска припадниците на босанската специјална единица СИПА откриле огромен подземен простор , каде се одгледувала марихуана. Таткото Радислав и синот Саша Наранчиќ на семејниот имот направиле вистински подземен бункер во кој полицијата запленила огромно количество марихуана. Влезот во бункерот бил скриен под подвижна столица во оваа куќа.
Се работи за голем простор каде што се произведува марихуаната, три сушилници и професионално поставена опрема за дотур на воздух , вода и извор на светлина. Ова е прва толку голема лабораторија која ја пронашле полициските агенции.
Исто така биле пронајдени и четири пиштоли , две автоматски пушки, 20.000 евра и голема количина пари во босански апоени. Таткото и синот се приведени и против нив е покренато обвинение.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.