Audi A4 повторно e “Најдобар во сите класи” според извештајот на DEKRA за користени автомобили

Loading...

 
Audi А4 повторно се најде на врвот, според извештајот 2012 на DEKRA за користени автомобили со најниска стапка на грешка. Тоа значи дека Audi пет патипо ред е најдобар во севкупниот пласман. Моделите А1, A5, ТТ и Q5 се на врвот во соодветните сегменти.
Секоја година, експертите на DEKRA ја доделуваат титулата “Најдобар во сите класи” на моделот кој има најниска стапка на грешка минувајќи низ три километражни нивоа. Од 2008 година, откако се спроведува истражувањето на сите брендови, автомобилите на Audi се  најсигурни и имаат најмалку недостатоци. Ова е втора титула  “Најдобар во сите класи” за Audi A4, додека пак Audi А6 оваа титула ја добиваше од 2008 до 2010 година. Титулата  го потврдува импресивниот долгорочен квалитет на автомобилите од брендот со четири прстени.
Како дел од извештајот за користени автомобили, кој претходно беше познат како извештај за грешки, организација DEKRA го тестира и испитува квалитетот и безбедноста на возилата. Вкупно се испитуваа 15 милиони автомобили поделени во осум различни категории, за секој автомобил DEKRA прави посебен профил со грешки во три километражни нивоа. Моделот кој има најдобар просек во трите нивоа се прогласува за “Најдобар во сите класи.”
Audi А1 е на врвот во класата под 50 000 километри, а Audi А5, ТТ и Q5 се на врвот во класата од 50.000 до 100.000 километри во соодветните сегменти.

  
Audi А4 повторно се најде на врвот, според извештајот 2012 на DEKRA за користени автомобили со нај

loading...