Бејл вреди 55 милиони, Реал дава „САМО“ 35 милиони…

Тотенхем ја одреди цената за својот фудбалер кој се наоѓа на радарот на гигантот Реал Мадрид.
Одличниот велшки репрезентативец, Герет Бејл, наскоро би можел да ја промени средината.
Иако Тотенхем изрази желба да својот најдобар фудбалер го задржи до крајот на сезоната, се поголем е интересот од страна на Реал Мадрид, и со самото тоа, идејата на Тотенхем би можела да се расипе.
Трансферот на Лука Модриќ во Реал Мадрид, значеше еден вид на потврда на одличната соработка, Реал според одредени шпекулации кои се шират меѓу одредени медиуми, би можел да влијае кон евентуалниот трансфер на Бејл.
Шампионот на Шпанија веќе спремил конкретна понуда за Бејл вредна 35 милиони тунти, но челниците на Тотенхем порачаа дека Реал Мадрид ќе мора да додаде уште 20 милиони доколку сака да го доведе велшанецот во своите редови.
Инаку, доколку трансферот се оствари, ова би бил најскапиот трансфер во историјата на фудбалот.
Досегашниот рекорд го држи Енди Керол кој во Ливерпул премина за сума од 35 милиони фунти.
Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Тотенхем ја одреди цената за својот фудбалер кој се наоѓа на радарот на гигантот Реал Мадрид.

Пронајдете не на следниве мрежи: