БРУТАЛНО: Ја избодел со нож во лице затоа што мислел дека снаата го изневерува неговиот син!

Млада мајка на две деца заврши на операција, а нападот оставил трајни последици за неа – на едното око делумно гледа, а на другото има матен вид. Не го чувствува зглобот на левата рака и има пореметување во говорот поради оштетување на вратните мускули.Манџит Миргинд од англискиот град Илфорд неколкупати и забил нож на својата снаа во лицето, а потоа се обидел да и ги извади очите и да ја задави. Бруталниот напад го гледале нејзините деца.
Јагир Миргинд (29), во нападот кој се случил на 18 декември 2013 година, останала готово слепа. Нејзиниот свекор мислел дека Јагир има афера со муслиман и дека ќе го уништи семејството, вели полицијата.
Миргинд по злосторството и се предал на полицијата, па беше однесен во болница за да му ги санираат повредите на неговото колено и раката со кои немилосрдно ја тепал снаата.
Бесчувствителниот свекор во петокот беше осуден на десет години и осум месеци затвор поради намерно нанесување на тешки повреди.
„Што се однесува на психолошките последици, тие ќе останат и кога лузните ќе зараснат. Кога Манџит Миргинд ја нападнал снаата, бил воден од „честа“, верувајќи дека Јагир го изневерува неговиот со маж од друга вера. Таа покажа неверојата храброст соочувајќи се со последиците од нападот кои не влијаеле само на неа, туку и на нејзиното семејство“, изјави детективот Џон Дилејни.Манџит Миргинд од англискиот град Илфорд неколкупати и забил нож на својата снаа во лицето, а потоа се обидел да и ги извади очите и да ја задави.

Пронајдете не на следниве мрежи: