Bundesbank: Кризата во еврозоната се уште не е завршена

Loading...

Кризата во еврозоната не е завршена, реформите во Франција се бавни и германската централна банка значително ги зголеми своите резервации за покривање на евентуалните загуби кои би можеле да бидат причинети од ризичните мерки на Европската централна банка (ЕЦБ), порача германскиот гувернер Јенс Вајдман.

Претставувајќи ги деловните резултати на германската централна банка за 2012 година, кои сведочат за остар скок за резервациите за ризик, челникот на Bundesbank ги повика владите на државите членки на еврозоната со реформи да ги решат причините за проблемите.Вајдман, кој инаку е член на извршниот одбор на ЕЦБ, се противи на планираната програма на ЕЦБ за купување на обврзници, договорена во септември минатата година. Смета дека владите требаат со реформи да придонесат за излез од кризата, а не да бараат помош од ЕЦБ.„Кризата се уште не е завршена и покрај неодамнешното смирување на состојбата на финансиските пазари“, рече Вајдман.Присутна е и загриженост во врска со спроведувањето на реформите во Италија и на Кипар, а во Франција реформите запнуваат, вели Вајдман.Тој изрази загриженост поради ризиците кои ги презема ЕЦБ со цел да им помогне на банките во криза, како што е прифаќањето на помалку квалитетен имот во замена за готовина, со што се излагаат на големи загуби во случај на проблеми со повратот.
Макфакс
Кризата во еврозоната не е завршена, реформите во Франција се бавни и германската централна ба

loading...
Loading...