Заменик министерот за внатрешни работи Митко Чавков денеска ги отфрли тврдењата на минстерот Оливер Спасовски дека немал време, а сега и овластувања за да ги потпише договорите за работа за кандидатите кои поминале полициска обука дадени вчера по средбата со дел од нив по нивниот протест.– За жал и овој настан го искористи за дневно политички цели, правејќи конструкции и барајќи одредени аргументи и причини зошто не биле потпишани договорите за работа со кандидатите за полицајци кои ја завршија обуката. Одговорно тврдам дека имаше и време и можности тоа да го направи во разумен временски период. Договорите кои требаше да ги потпише беа готови, изготвени технички и доставени на неговото биро на 6 април, денот кога вечерта во полноќ беше распуштено Собранието на РМ, а изборите беа распишани на 15 април. Значи Оливер Спасовски имаше девет дена на располагање да ги потпише договорите и полицајците да може да го вршат својот привправнички стаж, посочи Чавков.
Тој ги отфрли аргументите на Спасовски дека Владата му ги одзела овластувањата што било причина да не може да ги потпише договорите.
– Одговорно трвдам дека ниту едно овластување не му е поништено, туку само се поништени неговите незаконски одлуки за распределба на полициски службеници. За сите тие незаконски одлуки јас како заменик министер имав обврска институционално да реагирам на неправилности, за секоја негова таква одлука поднесов околу 124 тужби до Управниот суд. Судот во врска тужбите донесе решенија за времени мерки, кои беа потрврдени од Вишиот управен суд и беше утрвдена правосилност. Неопходно беше Спасовски да ги спроведе судските одлуки, но тој ги игнорираше што е дел од неговото штетно политичко однесување, неодговорно политичко однесување кое генерира штети МВР кои врз основа на моето искуство уште долги години ќе имаат негативен домино- ефект, рече Чавков.
Додаде, дека на 6 април денот кога според него, биле доставени договорите за идните полицајци на потпис, министерот Спасовски потпишал над 80 решенија, за кои Чавков вели дека биле незаконски.
За потсетување, кандидатите за полицајци од генерацијата 2015/16 вчера протестираа пред Министерството за внатрени работи, барајќи од Спасовски да стави потпис на решенијата кои, како што рекоа, им припаѓаат.
-Всушност, да се реализира она што нам ни припаѓа, а се кочи од политички причини. Разберете ја нашата порака и мака и исклучете нè од политичките игри, за да не страдаме во време кога сме им потребни на нашите колеги, истакнаа питомците вчера.– За жал и овој настан го искористи за дневно политички цели, правејќи конструкции и барајќи одредени аргументи и причини зошто не биле