CBS донесе строга правила за облекувањето за доделувањето на Греми

Loading...

Управата на американската телевизиска мрежа CBS од годинашните учесници на доделувањето на престижните музички награди Греми кој ќе се одржи во недела на 10-ти февруари, побара да водат сметка нивните задници, брадавици на дојките и гениталиите да бидат добро покриени, како и да не ги искажуваат своите политики ставови.

 Во „советите за облекувањето” раководството на CBS од музичарите и публиката, исто така, бара да не носат блузи со називи на брендови, ниту каква и да е облека со политички слоган.
„Ги замолуваме жените да водат сметка нивните задници и брадавици да бидат адекватно покриени. Облеката која премногу открива е неприфатлива”, наложуваат годинешните стандарди на CBS.
Ова предупредување следува по долгогодишниот судски спор кој CBS го водеше околу стандардите за непристојноста и соблазнителноста на американските телевизиски програми.
Сојузната комисија за комуникации ја казни CBS со сума од 550 илјади американски долари кога на пејачката Џенет Џексон во текот на финалето од американскиот фудбал Super Bowl во 2004 година во еден момент ѝ се лизна фустанот од рамето откривајќи ја притоа брадавицата на нејзината града. Пресудата за плаќањето на казната подоцна беше отфрлена, а CBS изрази длабоко жалење поради инцидентот.
Makфакс
Управата на американската телевизиска мрежа CBS од годинашните учесници на доделувањето на престижните музички награди Грем

loading...
Loading...