Comodita Home за Црвен Крст на Град Скопје – Донација на душеци

Comodita Home, најголемиот малопродажен ланец за производи за домот, денес пред Пунктот за бездомници во Момин Поток донираше душеци за Црвен Крст на Град Скопје, во вредност од над 2 милиони денари.

Comodita Home со оваа хуманитарна донација за Црвен Крст на Град Скопје, успешно ја завршува својата мисија под мотото „Секој сон е важен“ ! Годинава како општествено одговорна компанија, помогнавме со донации на повеќе здравствени установи во земјава, клиники, здравствени домови, а 2021 година ја завршуваме токму со денешнава донација на социјално загрозените граѓани и лица во ризик, приматели на помош од Црвен Крст на Град Скопје.

На средбата, пред присутните новинари се обрати г-дин Харитон Гаџоски, претставник од Comodita Home, кој потенцираше дека компанијата донациите ги направила со големо чувство на општествена одговорност и посочи со која динамика се одвивале сите хуманитарни настани, предвидени и остварени за 2021-та година.

„Со донациите почнавме на Детска Клиника Козле, а потоа дониравме во ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“ – СкопјеГрадската Општа Болница-Хирургија Св.Наум Охридски а минатиот месец направивме донација и на  ЈЗУ Универзитетска Клиника за државна кардиохирургија. Притоа, помагавме преку соработка со Општините и на социјално загрозени граѓани, во детски домови, ковид центри, болници и секаде каде оценивме дека компанијата треба хумано да делува. Вкупната донација на Comodita Home на сите овие установи е над 1500 душеци, во вредност од над 100 000 евра“!

Comodita Home најавува и во Новата 2022 година многу нови успешни хумани проекти! Имено, Comodita Home ќе продолжи со своите општествено одговорни постапки и ќе биде и понатаму пример за сите останати компании со своето хумано дејствување.

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.