CTBTO: Нуклеарниот тест на Пјонгјанг двојно помоќен од оној од 2009-та

Loading...

Моќноста на сеизмичката активност во Северна Кореја предизвикана со нуклеарната проба во вторникот наутро била речиси двојно поголема од онаа којашто била предизвикана со тестирањето во 2009 година, соопшти меѓународната агенција за надгледување на нуклеарните активности.

 
„Можеме да претпоставиме дека ова е речиси двојно со поголема силина”, изјави Ласина Зербо, директор на меѓународниот центар за податоци на Организацијата за сеопфатна забрана на нуклеарните тестирања (CTBTO) на прес-конференцијата во Виена.
Претходно Северна Кореја соопшти дека го извела во вторникот наутро својот трет нукеларен тест/
Процената на експертите од CTBTO се темели на мерењето на сеизмичката активност од 5 степени по Рихтер, во споредба со 4,5 степени во 2009 и со 4,1 степен во 2006 година.
Американскиот институт за Геофизички истражувања (USGS) соопшти дека регистрирала „сеизмичка активност” од 5,1 степен по Рихтер, додека пак Службата за специјална контрола на 12-та Главна управа на министерството за одбрана на Русија соопшти дека во 3.57 минути по македонско време во вторникот, на 380 километри североисточно од главниот град Пјонгјан, на територијата на Северна Кореја, регистрирал земјотрес со магнитуда од 4,9 степени. „Овој извор на сеизмичка активност е идентификувани како подземна нуклеарна експлозија”, се додава во соопштението на руското министерство за одбрана.
Зербо дополни дека доказ за какво и да е нуклеарен тест би било потенцијалното откривање трагови на радиоактивни честички. „Не можеме ништо да кажеме пред да пројдат најмалку два до три дена”, рекол претставникот на CTBTO .
Северна Кореја во вторникот официјално објави дека го извршила третиот нуклеарен тест. Според моментално достапните информации, моќта на компактната нуклеарна направа изнесувала околу 5 килотони
Макфакс
Моќноста на сеизмичката активност во Северна Кореја предизвикана со нуклеарната проба во вторникот наутро била речиси двојн

loading...
Loading...