Во рамките на Моден Викенд Скопје (FWSK) на 31 октомври во 19 часот во МКЦ Клуб&ресторан, асоцијација и моден онлајн магазин Stylist.mk организира дебата на тема „Пласманот на модата во медиумите“ во која ќе учествуваат модни дизајнери, новинари, блогери и менаџери.Како идеја во кои рамки ќе се одвива дебатата предлагаме неколку насоки во кои ќе се одвива дискусијата – како новинарите одлучуваат во која форма ќе проследат настан од форматот на Моден Викенд Скопје, пишувањето афирмативни текстови наспрема аргументирана критика, дали постои вистинска модна критика, појавата и релевантноста на модните блогери, треба ли модните новинари да ги следат сите модни настани, зошто одредени медиуми избегнуваат да пишуваат за домашни автори и настани, дали модните дизајнери се задоволни од третманот на модата во медиумите и со какви проблеми се соочуваат новинарите во однос на соработката со дизајнерите…
Организатори и модератори на дебатата се Снежана Јаначковска-Богдановска, Катерина Трајановска и Ана Несторовска од специјализираниот сајт за мода, убавина, уметност и животен стил Stylist.mk.
Тимот на Stylist.mk ве кани на доделувањето на наградите за најуспешни на оваа издание на Моден Викенд Скопје (FWSK) што ќе се одржи два часа подоцна на истата локација.
Stylist.mk ќе додели награди во следниве категории: за најдобра колекција, најнадежен дизајнер и за најдобра манекен/ка, а во конкуренција се сите учесници на есенското издание FWSK.Како идеја во кои рамки ќе се одвива дебатата предлагаме неколку насоки во кои ќе се одвива дискусијата – како н