Девет работи кои водат кон тоа да бидете среќни

Дали сте стварно среќни? Дали воопшто знаете што значи тоа да бидете среќни и што се е потребно да направите да бидете среќни? Ова се многу важни прашања кои што треба да си ги поставиме ако бараме среќен живот. „Јас го живеам својот живот и се обидувам да бидам среќна и во исто време внимавам да не донесам некоја несреќа или да направам нешто лошо на некој друг”.ова е одговор на повеќето луѓе НО ……….. . Ако сакате да бидете среќни мора да сфатите  дека заслужувате и треба да бидете среќни. Многу луѓе живеат со мислата дека не заслужуваат да бидат среќни и ја прифаќаат состојбата на несреќа и мизерија како судбина. Вистината е дека среќата како и се друго во животот треба да се негува. Овие неколку препораки се нешта на кои што јас се придржувам за да креирам среќа во мојот живот.
Размисли и разложи што е тоа што тебе лично те прави среќен. Секој има свои единствени побарувања од животот и нешто што на пример мене ме прави среќна не мора да се однесува и на другите. Откриј ја својата посебност и вистински биди искрен кон себе што е тоа што ти треба лично тебе да бидеш среќен  колку и да се разликува од тоа што другите ги прави среќни. Не споредувај и направи си листа само за себе.
Направи план како да ги постигнеш целите кои што треба да те направат среќен. Твоето расположение многу веројатно ќе се подобрува поради причината што следиш и се трудиш да ја постигнеш целта во која што ти веруваш и ќе те направи среќен.
Опкружи се себеси со среќни луѓе. Многу е лесно да почнеш со негативно размислување кога си опкружен со луѓе кои што размислуваат на тој начин. И обратно луѓе кои што се позитивни се заразни во најпозитивната смисла на зборот.
Кога нешто ќе тргне наопаку а секогаш тоа се случува кај сите не се самосожалувај туку најди начин како да најдеш решение на проблемот.  Вистински среќните луѓе знаат да се повлечат за момент да размислат и новонастаната ситуација да ја решат и да имаат верба дека на крајот се ќе биде добро и со малку позитивна акција да ги вратат приликите во нивна корист.

 
Потроши неколку минути дневно размислувајќи за работите кои што те прават среќен. Овие неколку минути ќе ти дадат можност да се фокусираш на позитивните работи во својот живот и ќе доведат до континуирана среќа во твоето секојдневие.
Исто така многу е битно секој ден да одвоиш време и да направиш нешто убаво за себе. Дали е тоа убав ручек, дали е тоа долга бања или е некое убаво чоколатце научи се да си угодиш сам на себе и сметај го тоа како подарок што ја имаш привилегијата да бидеш жив. Позитивните чувства и среќата во малите нешта го прават убав животот.
Знаењето да се насмееш на многу животни ситуации кои не се пријатни за тебе и исто голем чекор. Понекогаш и приликите се сериозни и бараат сериозност но малку хумор нема да им наштети и ќе фрли попозитивно светло врз настаните и ситуацијата што инаку може да ве фрлат на пат на несреќа и сожалување.
Да се грижиш и бидеш одговорен за своето здравје и исто така добар начин да се биде и да се остане среќен. Да се јаде претерано или нездраво исто така многу има влијание врз нашето расположение. Исто така вежбањето ослободува хормони на среќа кои што исто така многу позитивно влијаат на чувството на задоволство и среќа.
И крајно и најважно е да се сфати главната поента дека секој заслужува да биде среќен. Тие кои што веруваат дека не заслужуваат да бидат среќни се саботираат самите себе и нивните напори да се биде среќен. Ако е потребно ,вежбајте го тоа секој ден и велете си себеси заслужувам да бидам среќен,а и потценувајте се себеси на чекорите кои што треба да ги изодите за да стигнете таму.
Среќата е многу тешко и комплексно да се дефинира и многу луѓе не се свесни дали се среќни или не. Многу луѓе ја мешаат среќата со судбина и го поистоветуваат поимот судено ми е да бидам несреќен тоа е саботажа најголема што може да си ја направите сами на себе.
Јас се обидов да ги инкорпорирам овие начела и да живеам според нив и имав голем успех да ја достигнам својата цел да бидам среќна.  Можеби изгледа невозможно и премногу едноставно но вреди да се обидете. Ви следи голема награда за себе и светот околу вас повеќе среќни луѓе и подобра енергија и животна средина за сите.Ова се многу важни прашања кои што треба да си ги поставиме ако бараме среќен живот. „Јас го живеам својот живот и се обидувам да бидам среќн

Пронајдете не на следниве мрежи: