Dow Jones порасна 10-ти ден по ред

Loading...

Индексот Dow Jones во четвртокот на Волстрит порасна 10-ти ден по ред, достигнувајќи ново рекордно ниво, а најдолги позитивен низ во 17 години, благодарение на закрепнувањето на американскиот пазар на труд.
Dow Jones зајакна за 0,58 отсто, на 14.539 поени, S&P 500 порасна 0,56 отсто, на 1.563 поени, а Nasdaq се зголеми 0,43 отсто, на 3.258 поени.Растот на Dow Jones 10 дена последователно не е забележан од ноември 1996 година. Притоа индексот седум дена по ред достигнува рекордно ниво, додека S&P 500 се доближи на два поена до рекордното ниво.Инвеститорите вчера ги охрабри податокот дека бројот на нови бараа за помош на невработени минатата недела паднал за 10.000, на 332.000, додека аналитичарите очекуваа раст.Падот на невработеноста трета недела по ред укажува на постепено закрепнување на американскиот пазар на труд, додека извештајот за цените на производите покажува дека инфлациските притисоци и натаму се пригушени, што значи дека нема причина за заострување на монетарната политика.Токму лабавата монетарна политика на Фед и показателите за јакнење на економијата, претставуваат главен поттик за раст на цените на акциите, па инвеститорите се надеваат дека централната банка ќе продолжи да печати свежи пари.Од почетокот на годината Dow Jones порасна за речиси 11, а S&P 500 9,6 отсто. По толку силен раст во краток период би можела да уследи надолна корекција, па инвеститорите се внимателни, на што укажува потпросечниот обем на тргување.
Макфакс
Индексот Dow Jones во четвртокот на Волстрит порасна 10-ти ден по ред, достигнувајќи ново рекордно ниво, а најдолги позитивен низ во 17 години, бла

loading...
Loading...