Дознајте како едно бебе од Обреновац ја измами поплавата

-Таткото подаде нешто што личеше на куфер и јас му реков дека не можеме да примиме никаков багаж, бидејќи ни треба повеќе место за луѓе, но тој ми рече: „Тоа не е никаков багаж, тоа е моето бебе“, раскажува Марко од Горската служба за спасување.Шестмесечниот Тодор беше евакуиран од Обреновац во нешто што на спасителите им личеше на куфер. Од големата драма се изродило и големо пријателство помеѓу семејството Миќиќ со спасувачите.
Во ноќта кога се случи најголемата поплава во Обреновац, семејството Миќиќ од околниот Рват не ни знаеле што ќе им се случи. Единствено преупредување беше плачот на шестмесечниот син Тодор, кој ги разбудил од сонот.
„Времето беше суво, немаше никакви назнаки дека ќе има поплава, но надојдената вода одеднаш тргна од сите страни, така што останавме на едно место, буквално не можевме ниту со автомобил да поминеме“, раскажува мајката Славица Миќиќ.
Пред надојдените бранови на вода, целото семејство се качило на горниот кат од куќата. На спасувачите најпрво им врачиле нешто што личело на малечок пакет.
Малечкиот Тодор го преспа патот до прифатилиштето и сигурно е дека нема да се сеќава на овие настани. Освен драматичното искуство, остана и нешто друго: трајно пријателство помеѓу семејството Миќиќ и нивните спасители.
Шестмесечниот Тодор беше евакуиран од Обреновац во нешто што на спасителите им личеше на куфер. Од големата драма се изродило и големо пријателство

Пронајдете не на следниве мрежи: