Eдноставни правила за совршени јајца на око

Готвачката Јасмин Ал Саваф вели дека многу луѓе грешат при подготовката на пржени јајца или јајца „на око“, па затоа за Eat This, Not That сподели неколку совети со кои ова едноставно и често подготвувано јадење треба секој пат да излегува совршено.
Прво, вели таа, важно е јајцата секогаш да се пржат во тавче со дно од нелеплив материјал.
„На таква тава треба да го стопите путерот пред да ги испржите јајцата, што ќе им даде одличен вкус“, вели таа и додава дека така јајцето нема да се залепи ниту при пржењето.
Ал Саваф исто така забележува дека јајцата не треба да се кршат над тавата, туку секогаш во сад, за да не се скрши жолчката.


„И секако, јајцата треба да бидат свежи“, додаде таа, бидејќи кај јајцата кои стојат долго време се разредуваат белката и жолчката.
„Совршената температура за пржење јајца е помеѓу 123°C и 137°C“, советува таа, објаснувајќи дека на повисоки температури јајцата може да станат кафеави и да надујат меурчиња пред добро да се зготват внатре.
Идеално испржените јајца, вели таа, треба да бидат сјајни и да имаат целосно зацврстена белка, да немаат меурчиња или кафеави делови, а жолчката треба да се обработи термички по желба.

Пронајдете не на следниве мрежи: