Египетската армија е подготвена да умре за да го одбрани својот народ

Синоќа во Каиро беше извршен напад врз приврзаниците на египетскиот претседател Мохамед Морси, каде загинаа 16 лица. Министерството за здравство соопшти дека во нападот се ранети 200 лица.
Група непознати лица ги нападнале приврзаниците на Морси, вооружени со огнено оружје.
Високата Египетска команда во средата кажа дека армијата е спремна да умре, за да го одбрани Египетскиот народ од терористи и глупаци, во одговор на исламистичкиот претседател Морси, под наслов „до последните часови.“
Во постот на официјалната Фејсбук страна на Вишиот совет на вооружените сили на Египет (SCAF), предводена од страна на генералот Abdel Fattah al – Sisi, се наведува: „Се колнеме во Господ дека ќе ја жртвуваме дури и нашата крв за Египет и неговиот народ, против било какви терористи, радикали и глупаци.“
Три  часа по Морси да се појави на телевизија да го отфрли ултиматумот од Сиси дека тој ја дели власта со неговите противници или да се соочи со воено решение во 17 часот (1500 GMT), воен извор изјави дека изјавата јасно кажува дека вооружените сили нема да ги напуштат своите барања.
Денеска истекува 48-часовниот ултиматум, даден од армијата до сите политички сили со барање да ја решат острата политичка криза.Синоќа во Каиро беше извршен напад врз приврзаниците на египетскиот претседател Мохамед Морси, каде загинаа 16 лица. М

Пронајдете не на следниве мрежи: