Октомври 2013, Скопје: Како дел од осмото издание на Моден Викенд Скопје организаторите најавуваат бизнис проект кој ќе вклучува предавање од светски признатиот Мартин Робертс, професионалец со долгогодишно искуство во модната индустрија. Проектот е организиран во соработка со Британски совет во Македонија и претставува еден вид континуитет на нивните досегашни залагања за поддршка на креативните индустрии во Македонија.
Проектот е поделен во два дела:
– предавање на тема “Моден Бизнис и Промоција” (за кое сите заинтересирани можат да се регистрираат со испраќање е-маил на [email protected] );
– лични професионални консултации за кои е објавен конкурс.
Настанот ќе се одржи во среда, 23. октомври 2013.
Мартин Робертс е ко-основач и директор на Fashon Scout London и Graduate Fashion Week. Неговото богато искуство во модниот бизнис вбројува менаџирање и односи со јавност за етаблирани и престижни брендови меѓу кои Boudicca, Basso&Brooke, за дизајнерот на накит Lara Bohnic (Cartier, Gucci, Lanvin), брендовите Casio и BT Cellnet. Тој стои и зад обезбедувањето спонзорства за голем број дизајнери, вклучувајќи го и Chrostopher Kane. Во 2006. година, Робертс е ко-основач на Fashion Scout London кој е дел од најголемиот независен моден настан- Модна Недела Лондон и има одржано над 160 шоуа за промовирање на изборот за најдобри иновативни дизајнери, вклучувајќи ги David Koma, William Tempest, Peter Pilotto, Felder Felder и Jean-Pierre Braganza. Овогодинешното февруарско издание го посетија над 10.000 медиуми, купувачи и ВИП гости, што резултираше со значително медиумско покривање и покачување на продажбата на модните дизајнери. Октомври 2013, Скопје: Како дел од осмото издание на Моден Викенд Скопје организаторите најавуваат бизнис проект