Ердоган: Муслиманите во 12 век ја открија Америка, не Колумбо!

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека американскиот континент го отркиле мусиманите во 12 век, а не Кристофер Колумбо.-Врската на Латинска Америка и исламот потекнува од 12 век. Муслиманите ја открија Америка во 12 век. Муслиманите ја открија Америка во 1178 година, а не Колумбо, рече Ердоган во истанбул во говорот на самитот на исламските лидери од Латинска Америка.
Според него, двајца муслимански морепловци стигнале во Америка во 1178 година, бидејќи Колумбо наводно споменувал постоење на џамија на едно брдо на Куба. Тој изразил подготвеност да учествува во изградбата на џамија на местото кое го споменал Колумбо.
-Би сакал за тоа да разговарам со кубанските браќа. Тоа брдо денеска би було совршено место за џамија, рече претседателот Ердоган.
Историските книги пишуваат дека Колумбо во 1492 година бил првиот странец кој зачекорил на американското тло на својот пат кон Индија. Но, неодамна муслимансите историчари и теолози го доведоа во прашање ова откритие тврдејќи дека пред Колумбо таму стигнале муслимани, иако не постои ниту еден откриен траг за нивното присуство. Историчарот Јусуф Мруех објави текст во 1966 година во кој наведува дека Колумбо споменувал џамија на Куба. Неговите колеги веднаш ја отфрлија оваа хипотеза, тврдејќи дека „таа џамија“ бил опис на Колумбо на пејзажот кој го гледа за прв пат.-Врската на Латинска Америка и исламот потекнува од 12 век. Муслиманите ја открија Америка во 12 век. Муслиманите ја открија Америка во 1178 година

Пронајдете не на следниве мрежи: