ЕУ и САД пред студена војна?

Откако претседателот на Европскиот парламент, Мартин Шулц, побара објаснување од американските власти за најновите откритија дека дипломатските претставништва на ЕУ во Вашингтон, Њујорк и во Брисел биле под електронски надзор од НСА, од цела Европа се јавија гневни реакции на шокантните тврдења на германскиот весник. Комесарката на ЕУ за правда, Вивиен Рединг, рече дека Унијата ги контактирала американските власти во Вашингтон и во Брисел во врска со написот во „Шпигел“.
– Ние веднаш стапивме во контакт со американските власти во Вашингтон и во Брисел и ги соочивме со извештаите во печатот. Тие ни рекоа дека ја проверуваат точноста на информациите објавени завчера и дека ќе ни се јават – рече таа во соопштението.
– Партнерите не се шпионираат едни со други – рекла Рединг укажувајќи дека разговорите за договорот за слободна трговија меѓу ЕУ и САД треба да бидат запрени додека Вашингтон не даде објаснување за скандалот.
– Не можеме да преговараме за еден голем трансатлантски пазар ако постои и најмал сомнеж дека нашите партнери вршат шпионски активности во канцелариите на нашите преговарачи – рекла таа. Ставот на Рединг бил поддржан и од страна на шефот на комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент, Елмар Брок.
– Шпионажата доби димензии за кои јас никогаш не би помислил дека се можни во една демократска држава – изјавил тој за „Шпигл“.
„Како може ние сè уште да преговараме ако мора да стравуваме дека нашата преговарачка позиција се слуша пред рака?“
Германскиот министер за правда, во меѓувреме, исто така, побарал итно објаснување од САД велејќи дека веста дека Вашингтон ги озвучува канцелариите на Европската Унија потсетува на Студената војна.
– Американската страна мора веднаш и опширно да објасни дали се точни медиумските извештаи за сосема несоодветните мерки на прислушување од страна на САД во ЕУ – рекла Сабине Лојтузер- Шнаренбергер во соопштението. Франција, исто така, бара од Вашингтон да ги разјасни своите намери по објавувањето на веста дека НСА електронски ги надгледувала канцелариите на ЕУ.
– Франција денес побара објаснување од американските власти – пишува во соопштението на францускиот министер за надворешни работи Лорен Фабиус. „Овие активности, ако бидат потврдени, ќе бидат целосно неприфатливи“.
– Очекуваме американските власти што е можно побрзо да одговорат на оправданата загриженост предизвикана од овие написи во печатот – додал тој.Откако претседателот на Европскиот парламент, Мартин Шулц, побара објаснување од американските власти за најновите отк

Пронајдете не на следниве мрежи: