Facebook ќе им овозможи на своите вработени да продолжат да работат од дома

Loading...

Се очекува Facebook повторно да ги отвори своите канцеларии некаде во јуни, но од компанијата се одлучија да на своите вработени им овозможат да продолжат да работат од дома, а истото да го продолжат подолго време.
Со оваа одлука, Facebook е втората компанија, после Twitter, која ќе го промени начинот на работа и по завршувањето на кризата со COVID-19, овозможувајќи им на вработените да продолжат да работат од дома.


За разлика од Twitter кои најавија дека оваа можност ќе им ја дадат на повеќето вработени кои не мора да бидат во канцеларија поради видот на нивната работа, а тие што ќе го изберат тоа ќе може да работат од дома „засекогаш“, Facebook сепак најавува дека оваа можност ќе им биде дадена на отприлика пола од околу 45.000 вработени.
Тоа значи дека Facebook ќе гледа да сепак вработените се вратат во канцеларии, но тие што можат да работат од дома и кои тоа го прават ефикасно, ќе може да продолжат да работат од дома.
Facebook исто така претпоставува дека вработените ќе работат од дома во наредните 5 до 10 години, што значи дека не ја нарекува оваа одлука, засекогаш, како Twitter.
Најавата за можноста им ја соопшти Марк Закерберг преку онлајн обраќање преку неговиот Facebook профил.

loading...